Матурските прослави ќе резултираат со полни угостителски објекти

Во пресрет на матурските прослави, рестораните и кафаните се очекува да бидат исполнети до последно место, бидејќи матурантите веќе ги прават своите планови за прослава. Дел од нив велат дека изборот најчесто паѓа на угостителски објекти, каде ќе можат да ја одбележат вечерта со друштво пред и по официјалниот дел. Иако некои се уште ги договараат деталите, заедничко е тоа што прославите ќе продолжат во ресторани и кафани по завршувањето на матурската вечер. Матурантите посочуваат дека сакаат атмосфера со музика и забава, што овие места најчесто го нудат. Матурската сезона и годинава ќе донесе засилена раздвиженост во угостителскиот сектор.

„Немаме многу разговарано за тоа, но сигурно ќе е некаде во некој ресторан пред да се оде до матурската, а после фамилијарно со другари и другарки ќе биде некаде не поголемо место.“

Се очекува матурската сезона да донесе полни угостителски објекти и засилена празнична атмосфера низ градот. За матурантите, ова ќе биде кулминација на средношколските денови, одбележана со забава, дружење и незаборавни спомени.

Дајана Сандева / М нет