
За време на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, соопштуваат од МВР.
„Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти.“ – велат од министерството.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет