
Последен ден изборна кампања, последни подоготовки пред осмите Локални избори. Дел од доверливиот материјал во ОИК Штип пристигна во текот на вчерашнит ден, убик апаратите треба да пристигна денеска, со цел навремено одржување на изборниот процес во недела.
„Вчера пристигна доверливиот маретијал од ДИК, тоа се ливчињата за гласање со кандидатските листи за градоначалник и кандидатски листи за советници. Сега за сега се оди во најдобар ред, денеска го очекуваме пристигнувањето на останатитот доверлив материјал, а тоа се убик апаратите“ – вели Вацев.
Утре најпрво гласаат затворениците и болните и немоќни лица. На територија на Општина Штип пријавени се 152 болни и немоќни лица и тие ќе гласаат во домашни услови. Во недела право на глас има секој граѓанин со наполнети 18 години.
„Согласно Уставот на нашата држава секој има право да избира и да биде избран. И затоа сите оние лица кои имаат наполнето 18 години најдобро е да го искористат своето право на глас на 19 октомври.“ – додава Вацев.
Во Штип има 80 избирачки места, но гласањето ќе се спроведе на 73, со оглед на фактот дека во седум избирачки места има помалку од 10 гласачи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет