Соколовска ветува проекти за развој, сигурност и подобра иднина во Општина Карбинци

Проекти за развој, сигурност и подобра иднина во Општина Карбинци ветува кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Љубица Соколовска. Како што истакна со проектите предвидени за наредните четири години, ќе се подобри животот во секој дом, во секое село и населено место во општината.

„Мојата визија е јасна, проекти што носат развој, сигурност и подобра иднина за Општина Карбинци. Ви најавувам дел од проектите од мојата програма како изградба на барана на Баргала, гумена брана во Карбинци, како и мултимедиијален центар во Баргала“ – вели Соколовска.

Во недела претстои важен избор. Од СДСМ Карбинци повикаа да се направи вистинскиот избор, и секој да го оствари своето демократско право на глас.

Во недела на 19 октомври ќе се реализираат осмите по ред Локални избори.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет