
Со насмевка, полна чаша и забава денеска матурантите од средното медицинско образование ја одбележаа денската матурска забава. Атмосферата беше исполнета со забава и емоции, а секој момент носеше чувство дека завршува едно важно поглавје и започнува ново. Дел од матурантите велат дека ова се донови кои ќе остане незаборавни, бидејќи само еднаш се доживува матурска прослава. Додека едни велат дека ќе им недостасуваат сокласниците, други потенцираат дека ќе имнедостасува класниот раководител.
„Лудо и незаборавно, бидејќи само еднаш сме матуранти. Пред се очекувам да имам светла иднина и да бидам подобра верзија од себе. Ќе се запишам на психологија во Свети Николе.“
„Најмногу 4 3 мојот клас. Па секкао дека за матурската.“
Дел од матурантите веќе ѓи планираат своите студии, велат дека иако се благодарни бидејќи здобиле со знаење од медицината, понатаму би сакале да ја променат својата струка.
„Си минеме феноменално, атомосферата е навистина на многу високо ниво, овде сме цела генерација каде што завршува една многу важна фаза од нашиот живот и според тоа сите да се дружиме, да створиме заеднички мемории кои ќе останат засекогаш помеѓу нас и со нас. Искрено сите, не можам да одвојам некој кој што посебно ќе ми недостасува. Од професори не можам да издвојам некој посебно, сите. Ќе се запишувам овде најверојатно на економски факултет. За матурската сум многу поспремен.“
„Супер, преубаво, многу убаво си минеме стварно. Целиот наш клас, 4 3. Сите кои ни предаваа, навистина, прекоректно се однесуваа со нас, навистина ќе ни биде многу киво што завршуваме. Јас, медиумски студии.“
И покрај разделбата, матурантите велат дека пријателствата, спомените и заедничките моменти од средношколските денови ќе останат засекогаш дел од нивниот живот.
Дајана Сандева, М-Нет