Од 6 јуни почнува полагањето на матурата за над 500 ученици во Штип, при што најголем број од нив се пријавиле за државна матура.

Над 500 матуранти од јуни ќе полагаат матура во просториите на УГД во Штип. Најголем дел од нив, односно 372, се пријавиле за полагање државна матура. Државна стручна матура избрале 15 ученици, уметничка матура ќе полагаат 33, додека за училишна матура се пријавени 38 ученици, а завршен испит ќе полагаат 45 ученици. На 6 јуни матурантите ќе полагаат задолжителен предмет – математика или странски јазик, а на 11 јуни ќе полагаат македонски јазик и литература со почеток во 9 часот.

,,Да кажеме дека на ниво на општина имаме вкупно 503 ученици, кои што ќе полагаат државна матура или некаков вид матура или завршен испит. Вкупниот број на ученици кои што се најмногу заинтересирани да ја полагаат државната матура се 372 ученици, потоа тука се учениците кои што ке полагаат државна струча матура вкупно се 15. Учениците од уметничкото училиште односно ДМУЦ ќе полагаат уметничка матура и вкупниот број нивни број е 33 ученици. Потоа имаме ученици кои што ќе полагаат училишна матура, а бројот на ученици кои ќе полагаат е 38 и на крај остануваат учениците кои што ќе полагаат завршен испит односно оние кои имаат образование со две или три годишно траење и нивниот број е 45 ученици. На 11 јуни ќе се полага задолжителниот дел од државната матура а тоа е македонски јазик и летратура, со почеток во 9 часот, додека на 6 јуни се полага вториот дел од матурата од задолжителниот предмет, а тоа се математика или странски јазик. “, вели Санева

Државната матура овозможува проодност на повеќе факултети во државата и затоа за неа има најголем интерес. Државната стручна и уметничка матура ги насочуваат учениците кон факултети поврзани со нивното средно образование, додека училишната матура има само сертификативна улога, односно учениците добиваат потврда за завршено образование.

,,Интересот за државната матура е навистина голем ,мегутоа предноста е тоа што таа матура кога се положи, учениците имаат прооднос на повеќе факултети во нашата држава. Додека ога се полага државна стручна матура, се насочуваат на оние факултети кои што се соодветни на нивното средното стручно образование. Истото се однесува и на државната уметничка матура. Училишната матура има само сертификативна улуга, тоа значи дека учениците добиваат сертификат т.е потврда.“, кажа Санева

Инаку, полагањето и годинава ќе се одвива во просториите на УГД во Штип, бидејќи тие обезбедуваат најоптимални просторни услови за спроведување на испитите. Со тоа се заокружуваат подготовките за матурантите, кои во наредните денови ги очекува завршниот испит на средното образование.

Иван Митев, М-Нет