
Матурантите лани имале помалку обиди за препишување, покажало искуството на Министерството за образование и наука. Токму затоа, годинава се воведуваат три типа матура – државна, стручна и уметничка. Идејата е секој ученик да полага во својата сфера, според тоа што го учел во текот на четиригодишното образование. Како што посочи министерката за образование и наука Весна Јаневска, целта е матурата да не се доживува како стрес, туку како природно заокружување на средното образование.
,,Имаме три типа на матура. државна матура, државна стручна, државна уметничка матура и учениците од која што област доагаат, така и ќе помагаат. Зошто, затоа што дефакто постои разлика воопшто обраозвните предмети на гимназиското учење, средното стручното и уметничкото. Помал е обемот и бројот на часеви во стручните и уметнички училишта и овој пат, материјалот кој што ќе го полагаатучениците, ќе биде прилагоден на она што тие во тек на четири години го учеле. Искуството од лани покажа дека имаше многу помалку препишување или обиди за нечесно или снаоѓање на учениците, при полагање на матурата. Тоа не охрабрува. Самото промовирање на овој тип на матура, самото тоа дека тие треба матурата да ја сватат како завршување на нивното средно образование, а не како нешто страшно, како проценка на нивното знаење во понатамшното знаење предизивка ефект.“, кажа Јаневска
И годинава процесот на полагање матура ќе се одвива под засилен надзор и со вклучени оценувачи и набљудувачи. Од Министерството за образование уверуваат дека системот е подготвен и дека сè ќе се спроведе како што треба.
,,Но секако се работеше и со оценувачите и со набљудувачите и минатата и оваа година и јас сум длабоко убедена дека и оваа година процесот ќе биде, така како што треба да биде.“, посочи Јаневска
Од Министерството за образование посочуваат дека и годинава ќе има соработка со оценувачите и набљудувачите, како и минатата година. Целта е целиот процес на полагање матура да се одвива под контрола и според правилата. Министерката Весна Јаневска изразува уверување дека сe ќе се спроведе како што треба и без проблеми.
Иван Митев, М-Нет