Еуромилк ГЛ со сигурен чекор кон титулата, лидерот продолжува со доминантните изданија

фото: Еуромилк ГЛ


Лидерот во Третата лига Север, Еуромилк ГЛ, ја оправда фаворитската улога и со сигурни 0:3 славеше на гостувањето кај Ржаничино, во воведниот натпревар од 21. коло.
Гостите уште еднаш демонстрираа шампионска форма, наметнувајќи темпо од самиот старт и без поголеми проблеми стигнаа до нови три бода. Со оваа победа, Еуромилк ГЛ се зацврсти на првата позиција со 61 бод и продолжува сигурно да чекори кон врвот, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе.
Ржаничино се обиде да пружи отпор, но разликата во квалитет и форма беше очигледна, па домаќинот остана без шанси за позитивен резултат.
Останатите натпревари од ова коло се играат утре, а на програмата се следните дуели:

БВК Коњаре – Беса Ск.

Аеродром 2018 – Беса Сл.

Лопате 97 – Куманово
Башкими Љ. – Пчиња 2015
Отља – Студеничани
Кадино – Фортуна 1975