
Утре, сабота на М Нет телевизија ќе можете да го проследите во живо бараж натпреварот меѓу третолигашите Победа Валандово и Камјани во соочување на шампионите на Исток и Запад за влез во Втората македонска фудбалска лига, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип.
Овие екипи се најдобрите во своите региони, статистички се слични една во однос на друга. Победа Валандово зад себе има сезона со учинок од 15 победи, две ремија и еден пораз со постигнати 48 погодоци и примени 12 гола.
Тимот на Камјани во Трета лига – Запад го подигна шампионскиот пехар со учинок од 17 победи едно реми и два порази со постигнати 65 погодоци и 18 примени.
Навивачките групи подготвени да дојдат во Штип и да дадат силна поддршка од трибините, а преносот на М Нет од овој натпревар стартува во 16:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет