Македонија ремизираше против аутсајдерот Андора, футсалците само до бод!

Футсал репрезентацијата на Македонија како фаворит ја пречека репрезентацијата на Андора, во обид за триумф после поразот од Холандија од 4:0 на првиот меч од квалификациите за Европското првенство 2026, но футсалците мораат да се задоволат само со бод откако одиграа 1:1 во Скопје.

Македонија не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група, а во рамки на 2. коло.

Првиот погодок го постигна Петровиќ во 33. минута за водство на Македонија. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко. Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот на конечните 1:1.

Во јануари Македонија во Скопје ќе игра против големиот фаворит Португалија.

Во нашата Португалија има шест бодови со две победи, втора е Холандија со три бодови, Македонија е трета со еден бод, а толку има и Андора која е последна.

Александар Ванев, М-Нет