Мал Ајакс ќе биде домакин а Астибо и Кардшлк ќе гостуваат во 7 Футсал второлигашко коло

Македонските Футсал второлигаши овој викенд комбинирано ќе ги одиграат натпреварите од 7 првенствено коло. Први на теренот ќе истрчаат играчите на Астибо кои во петок во Тетово ќе се сретнат со тимот на СЕЕ Универзитет. Астибо засега е на 5 место на табелата со 12 бодови а СЕЕ Универзитет е на 7 место со 9 бодови. Тимот на Мал Ајакс кој засега е на 3 место со 14 освоени бодови во сабота ќе биде домакин на водечкиот тим на Кеги Моби од Велес кој има 18 бодови и се очекува голема борба за тоа кој ќе ги освои трите бода. Тоа ќе биде дуел и на најефикасните стрелци во лигата, Кеги Моби има постигнато 53 голови а Астибо досега 46 пати ја тресел противничката мрежа. Тимот на Кардшлк кој е закован на последното место и заедно со Црешово топче и Проект е без бодови, во недела ќе гостува на екипата на Велешта. Еве ги комплетните двојки за ова 7 коло:

  1. 10.12.2021 СЕЕ Универзитет – Астибо
  2. 11.12.2021 Мал Ајакс – Кеги Моби
  3. 11.12.2021 Овче Поле – Црешово Топче
  4. 12.12.2021 Форца – Проект
  5. 12.12.2021 Велешта – Кардшлк
  6. 13.12.2021 Конзули – Клими

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk