
Цената на оризот и понатаму не задоволителна за оризопроизводителите од кочанско. Велат не можат да ги покријат ниту давачките, со што под знак прашалник се става и понатамошното производство на ориз. Поради тоа Синдикатот на самостојни земјоделци со барања до премиерот Зоран Заев за покачување на цената на оризовата арпа и белиот ориз, можност за искористување на не искористените картички за зелана нафта, отфрлање на предлогот за замрзнување на малопродажните цени на оризот. 14 барања се поднесени и додколку не им се излезе во пресрет на барањата протести ќе се организираат повторно.
„Упативме барања до Владата и ресорното министерство се со цел да бидат надминати овие состојби, а кои се однесуваат на итна исплата на субвенциите на оризопроизводителите, измена на предлог Законот за дополнителната ковид мерка од три денари, бидејќи со неа не се опфатени сите земјоделци, а со цел да бидат опфатени што поголем број земјоделци“ – кажа Јанев.
Бројот на малди земјоделци е се помал бидејќи истите бараат егзистенција од друга работа и тоа надвор од државата. Жетвата не е завршена се уште со оглед на фактот дека водата за сеидба на ориизте беше пуштена покасно. А, увезениот ориз по маркетите се продава по цена од над 200 денари за килограм, со што се понижуваат домашните производители на ориз додадоа оризопроизводителите од кочанско.
Со покачување на цените на ѓубривата, нафтата и сите препарати за одгледување и производство на ориз, производителите бараат цената на оризовата арпа да биде од 25 – 30 денари, а белиот ориз од 55 – 60 денари. Во спротивно најавени протести ќе бидат на неопределено време со блокада на патниот правец Кочани -Штип со секаква механизација.
Лаура Стојанова М-Нет