Брегалница без победа на последните 5 меча, тесно ќе биде за титулата, Вардар оди кон директен опстанок

ФОТО: М Нет телевизија

Овој викенд нема прволигашки фудбал поради репрезентативната пауза, а истата ќе биде добредојдена за одмор и подготовки на екипите кои после паузата ќе треба да ги остварат зацртаните цели.

Во однос на табелата и статистиките за истата, Брегалница е единствената екипа која нема триумф на последните пет натпревари, скоро на „сините“ е три пораз и и две ремија, а пред Брегалница ќе биде тешка борба за опстанок.

Вардар под водство на Горазд Михаилов оди кон директен опстанок во фудбалската „елита“ на Македонија. „Вардарци“ на последните пет натпревари имаат еден пораз, две победи и две ремија и се наоѓаат во бараж зоната со 26 бодови, но само бод помалку од зоната која гарантира директен опстанок, па најтрофејниот македонски фудбалски клуб е пред можност за директен опстанок.

Кога е во прашање трката за титулата во истата влегуваат само три екипи. Бранителот на титулата екипата на Струга Трим Лум е на врвот со 51 бод, втор е Шкупи со 48 бодови, а трета е Шкендија со 45 бодови. Овие три екипи на последните пет натпревари немаат пораз, како и Воска Спорт која на последните пет меча има скор од четири ремија и една победа.

На 4. место на табелата е Силекс со 35 бодови, Тиквеш игра одлична пролет и се наоѓа на петтото место со 32 бодови, колку што има и Гостивар кој е место подолу.

На делба на седмото место се Брера и Работнички со по 27 бодови, а во бараж зоната е Вардар со 26 бодови. На претпоследното место во зоната за директно испаѓање е Брегалница со 22 бодови, а на последното место е Македонија ЃП со 21 бод. „Лавовите“ по серијата порази во претходното коло дома славеа над Тиквеш со минимални 1:0.

Александар Ванев, М-Нет