
50 години постоење и 15 години од ребрендирањето на Мал Ајакс вечерва ќе се слави во Штип. Програмата е веќе комплетирана потврди за М-Нет телевизија претседателот Влатко Манев. Посочи дека настани ќе има од најмалите членови до ветераните, а фокус ќе се даде и на желбата за формирање женски фудбалски клуб Мал Ајакс со што повторно ќе се развие женскиот фудбал во градот.
„Вечерва има 50 години од постоењето на името Мал Ајакс, заедно со нашите ветерани ќе направиме заедничка манифестација за 50 години и ребрендирањето 15 години ФК Мал Ајакс. Целокупната програма е речиси комплетирана, започнуваме со најистакнатите моменти за овие 50 години. Програмата започнува со најмалите, со она што сакаме да го развиваме, женскиот фудбалски клуб во Штип – Мал Ајакс, потоа продолжува со голема забавна програма со пеачи кои се изненадување за нашата публика која ќе биде во голем број.“ – вели Манев.
Манев посочува дека во последните 15 години Мал Ајакс е единствената екипа која игра футсал во државата, па токму затоа името е бренд кој треба да негува.
„Можам да кажам дека во последните 15 години Мал Ајакс е единствена екипа која игра футсал во Македонија, а изминатите 50 години е бренд низ државата.“ – додава Манев.
Прославата е закажана за вечерва во Штип, и се очекува публиката да биде во голем број.
Лаура Стојанова М-Нет