Започана 60. издание на ДАФ во Кочани, низа претстави секојдневно до 27 мај

Започнува 60 издание на ДАФ во Кочани. Под мотото „Театарот е жив“ почнувајќи од вечерва па до 27 мај секојдневно ќе се прикажуваат престави во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Преставата „Синиот портокал“ ќе го означи почетокот на фестивалот кој се негува повеќе од половина век, и кој зад себе остава само позитивни спомени.

„Театарот е жив и тоа многу. Затоа решив мотото на овој роденденски фестивал да биде „Театарот е жив“. Овде ќе видите престави кои и театри кои со години доаѓаат овде, како од државата така и ид странство.“ – вели Џамбазов.

Џамбазов упати покана до сите од Кочани, регионот, но и цела државата да бидат дел од ДАФ, бидејќи како што посочи и самиот станува збор за фестивал кои нуди квалитетна програма.

„Ве поканувам да дојдете и да и покажеме на Македонија дека нешто што трае 60 години како овој фестивал вреди да се гледа. Цело утро размислувам што трае повеќе од 60 години во Македнија, културен настан и да ви кажам ми текна само на Охридско лето и на Златно славејче. Значи имате нешто што трае 60 години и треба да бидете горди.“ – додаде Џамбазов.

Во оваа прилика Атанасова – Арсова истакна дека оваа традиција ќе се негува уште долги, бидејќи има млади волонтери кои веќе се дел од ДАФ.

Лаура Стојанова М-Нет