Малку поинакви тренинг активности на Брегалница – теретана, кошарка и освежување во Охридското Езеро

Штипскиот прволигаш Брегалница во Охрид ја одработува главната фаза од подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Денес фудбалерите имаат еден поинаков тренинг, односно беа во теретана, потоа играа кошарка и на крај се освежуваа во Охридското Езеро.

Брегалница во Охрид одигра три пријателски натпревари. На првиот загуби со 3:0 од Воска Спорт во меч каде „сините“ имаат неколку големи шанси, но не ги реализираа, потоа со 0:1 славеа над Караорман во Струга и со 1:2 беа подобри од Охрид.

Брегалница утре ќе одигра пријателски меч со Пелистер, а потоа се враќа во Штип. Пред стартот на пролетниот дел „сините“ ќе одиграат „генералка“ со Беласица на Градскиот стадион во Штип.