Малески во нападот на Тиквеш

Тиквеш го засили нападот со Христијан Малески кој доаѓа како позајмен играч од Струга Трим Лум.

21-годишникот во есенската полусезона настапуваше како позајмен играч во Брера Струмица, а за струмичани настапи на десет првенствени натпревари и постигна еден гол.

Малески со Струга ја освои титулата во Првата лига, а во својата кариера има настапувано и за Велешта, Караорман и Новаци.

Тој во Тиквеш доаѓа како позајмен играч до крај на сезоната.

Александар Ванев, М-Нет