Македонскиот фудбалер Мирчевски и соиграчите спречиле поголема катастрофа во верижниот судир во Србија

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски заедно со неговите соиграчи Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ и Ифет Ѓаковац се нашле на местото на верижниот судир на 12 возила во Србија и спречиле да дојде до поголема катастрофа.

Како што пренесуваат српските медиуми, младите мажи во бел автомобил го снимале невремето кога на нив налетало друго возило, а тие останале присебни, брзо го поместиле автомобилот и ги предупредиле другите возачи да закочат.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како фудбалерите ги стопираат автомобилите, викајќи: „Кочи, кочи, кочи!“.

Фудбалерите на ТСЦ од Бачка Топола детално раскажаа што се случувало на патот.

„Се враќавме од тренинг кога во близина на Суботица од силината на ветрот се крена облак прашина од почвата покрај патот, кој беше толку густ што иако ја намаливме брзината, за малку не не учествувавме во судирот. Низ тој облак прашина, се обидовме да се пробиеме до другата страна на патот кога камионот налета на еден од автомобилите на средината на патот. Потоа, за да се тргнеме од патот, се спуштивме во каналот до него и се упативме на другата страна до дел каде што беше добра видливоста, од каде забележавме дека се приближуваат други автомобили и дека се не се свесни дека пред нив имало судир. Излеговме од автомобилот и почнавме да ги запираме, по што повикавме брза помош, противпожарна единица и полиција. Се вративме на местото на несреќата и ги прашавме луѓето дали се добро и им кажавме дека наскоро ќе пристигне брза помош“, рече капитенот на ТСЦ Горан Антониќ.

Шест патници се префрлени во Општата болница во Суботица, но ниту еден од учесниците во оваа сообраќајна несреќа не се здобил со потешки повреди.

Текстот (Видео) Македонскиот фудбалер Мирчевски и соиграчите спречиле поголема катастрофа во верижниот судир во Србија е превземен од МАКФАКС.