
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија, а овој натпревар ќе се одигра на 4. септември во рамки на официјалниот ФИФА термин.
Контролниот натпревар ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, а истиот ќе започне во 17 часот.
Овој контролен натпревар ќе биде важен за селекторот Благоја Милевски, кој ќе има можност да ги провери најдобрите фудбалери, нивната форма, тактичките замисли и подготвен да влезе во продолжението од квалификациите за Светското првенство 2026.
Македонија и Саудиска Арабија ќе се соочат по трет пат, првпат овие две екипи се сретнаа на 1. август во далечната 2001 година кога во Ријад мечот заврши без победик 1:1. Второто соочување беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија беше подобра со минимални 1:0, а за македонската репрезентација настапија фудбалери од домашниот шампионат.
Сега следува нивното трето соочување на 4. септември, а три дена подоцна Македонија ќе игра против Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
До крајот од квалификацискиот циклус за Светското првенство Македонија покрај за Лихтенштај ќе игра со Белгија во гости на 10. октомври, со Казахстан на домашен терен три дена подоцна, а циклусот го затвараме со Велс во гости на 18. ноември.
Во однос на табелата Македонија е прва со осум бодови има скор од две победи за Лихтештајн и Казахстан и реми со Велс и Белгија.
Александар Ванев, М-Нет