
Македонскиот шампион Шкендија доживеа тежок пораз во Азербејџан каде со 5:1 загуби од Карабах, а со тоа тимот од Тетово со вкупни 6:1 беше елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите, па сега се сели во плеј-оф фазата во Лигата на Европа, а каде ќе се соочи со бугарскиот тим Лудогорец, кој беше елиминиран од Ференцварош.
Шкендија одлично го отвори натпреварот на стадионот „Тофик Бахрамов“ и во 10. минута имаше предност од 0:1 со голот на Тамба, но радоста траеше кратко, Клинсман Цаке си постигна автогол, а во 18. минута Боргес погоди за водство од 2:1.
Серијата голови на Карабах продолжи откако Акунѕаде постигна гол за 3:1, а пак Јанковиќ од пенал зголеми на 4:1. Во вториот дел Андраде ги постави конечни 5:1.
Карабах сега ќе игра во плеј-офот за Лигата на шампиони против Ференцварош, додек пак Шкендија и Лудогорец ќе игра во плеј-офот за Лигата на Европа.
Поразениот од мечот меѓу Карабах и Ференцварош ќе игра во групата фаза на Лигата на Европа, а победникот во Лигата на шампионите, додека пак победникот од дуелот меѓу Шкендија и Лудогорец ќе игра во групата фаза на Лигата на Европа, а пак поразениот тим во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.
Тоа значи без разлика на исходот на Шкендија од соочувањето со Лудогорец, ќе игра во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, а со тоа тимот од Тетово ќе биде вториот тим од Македонија кој играл групна фаза од елитно натпреварување на УЕФА.
Првото соочување меѓу Шкендија и Лудогорец ќе биде во Скопје на 21 август, а пак на 28 август во Бугарија ќе биде реваншот.
Александар Ванев, М-Нет