ЖРК Астибо за новата сезона се засили со Манева и Вучевска

Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип за новата сезона од Суперлигата ангажираше две нови засилувања. Штипскиот суперлигаш ги промовираше Наталија Манева и Елена Вучевска како први засилувања за новата сезона.

Искусните ракометарки во паќет доаѓаат од екипата на Овче Поле СУ од Свети Николе кои играат на бековската и пивотменската позиција.

Од клубот истакнуваат дека ќе се засилуваат и оваа сезона Астибо нема да мисли да мирува. Минатата сезона штипскиот клуб заврши на 12. место на табелата со 12 бодови на своето конто, а во новата сезона ќе атакува на повисок пласман.

Астибо во своите редовите ја има и штипјанката Марија Анчева, која е најдобар стрелец во Суперлигата со 345 постигнати погодоци или во просек Анчева постигнувала по 13 погодоци по натпревар.

Александар Ванев, М-Нет