
Македонската народна музика одекна низ улиците на Сардинија! Дечињата од Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања две недели го носеа македонскиот фолклор пред илјадници воодушевени Италијанци. Од првиот ден, па сè до последниот настап – ова не беше само обичен настап, туку вистинско културно восхитување. На самото дефиле низ Сардинија – прозорци се отворале, терасите се полнеле со публика. Македонскиот ритам ги предизвикал италијанците да застанат, да слушаат и да аплаудираат.
,,Сношти фолклористите на ансамблот Китка од село Истибања се вратија од големиот мегународен фолклорен фестивал во Сардинија Италија, кои што траеше од петти до 19 ти август. Тоа е голема чест занас македонците, што настапивме на овој настан и навистина тоа беше неповторливо доживување. На фестивалот, ние македонците секоја вечер го затваравме фестивалските настапи во Сардинија.“, рече Митковски
Иако фестивалот не е натпреварувачи, сепак ансамблот не се враит со празни раце. Покрај многуте спечалени убави моменти, тие добија и трофеи, признанија, благодарници и сувенири.
Како што истакнаа од овој фолклорен ансамбл, со нов мотив за работа и со нови сили, од септември тие повторно ќе ја претставуваат Македонија на секаде, каде има покани за настапи.
Иван Митев, М-Нет