Младите се иселуваат, постарите сами – нема човек за чаша вода

Се пакуваат куфери, се празнат домови, младите заминуваат, старите остануваат во тишина. Таму каде што некогаш џагореле деца, денес одѕвонува тишина. Постарите останаа сами со спуштени погледи и горчина што тешко се кажува на глас. Нема кој чаша вода да ни даде, беше најчестиот одговор што денес можеше да се слушне за нашата телевизија. И додека некој храбро зборуваа, други само воздивнуваа, а болката кај сите иста, синови и ќерки во странство, внуци што ги гледаат преку телефон и денови што личат еден на друг, тивки, празни и долги.

Постарите едногласни, иако денес светот напреден, за разлика од порано, сепак потежок во душата. Но, тие се од друга страна срежни кога знаат дека нивните деца се среќни на подобро место.

Инаку, постарите додаваат дека благодарение на денешната технологија, децата барем имаат можност да ги гледаат телефонски речеиси секој ден, а еднаш до двата годишно и во Македонија.

Иван Митев, М-Нет