Македонија чекор до јубилеј: Бараж за СП 2027 против Украина или Словачка

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија го дозна патот кон пласман на Светско првенство 2027 што ќе се одржи во Германија. „Црвено-жолтите“ ќе се соочат со победникот од бараж-дуелот меѓу Украина и Словачка, во двомеч кој ќе решава за настап на мундијалот.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на гостински терен на 13 или 14 мај, додека реваншот е закажан за 16 или 17 мај на домашен терен, каде што се очекува силна поддршка од публиката. Двомечот ќе биде клучен тест за селекцијата, која има јасна цел – обезбедување билет за јубилејното, 10-то учество на Светските првенства.

Пред нашата репрезентација е сериозен предизвик, но и голема можност уште еднаш да се потврди континуитетот на македонскиот ракомет на светската сцена. Мајските натпревари ќе ја одредат судбината, а очекувањата се високи – борбено, дисциплинирано и со срце за Македонија.