
Третолигашот ФК БВК Коњаре продолжува со јакнење на ростерот пред продолжението на сезоната. Денеска клубот официјално го промовираше Давид Ристовски како трето засилување во зимскиот преоден рок.
Ристовски доаѓа како играч кој носи сила, сигурност и креативност во средината на теренот. Доминантен во дуелите, стабилен со топката и со одличен преглед на играта, тој се очекува да биде вистинскиот „мотор“ на екипата, кој ќе ја диктира динамиката и ќе внесе дополнителна енергија во играта на БВК Коњаре.
Неговата борбеност и работна етика се оценуваат како голем плус за тимот, кој јасно става до знаење дека има амбиции за стабилни и конкурентни настапи во Третата лига.
Претходно, клубот веќе ги обезбеди потписите на Леонид Стојановски и Кристијан Ристовски, со што стручниот штаб добива поширок избор и поголема конкуренција во сите линии.
Со овие три засилувања, БВК Коњаре испраќа јасна порака дека сериозно се подготвува за бараж за Втора лига.