Македонија У – 19 одигра нерешено со Црна Гора во пријателски меч

Денес во Скопје се одигра и вториот пријателски натпревар помеѓу У – 19 селекциите на Македонија и на Црна Гора. Натпреварот заврши нерешено 1:1(1:0) а единствениот гол за Македонија го постигна Бехар Фета. во првото полувреме. Во финишот на средбата гостите успеаја да израмнат на 1:1 со голот што го постигна Виктор Џукановиќ. Инаку ова беше втор меч помеѓу овие селекции а во првиот меч Македонија пред два дена победи со резултат од 2:0. Селекторот Влатко Гроздановски им даде шанса на сите играчи со цел да направи увид во нивната моментална форма а меѓу нив беа и штипјаните Љупче Кудев и Ване Крстевски кои беа во почетниот состав. За прв пат на голот во почетниот состав застана и Гоце Јовчев син на некогашниот голман на скопски Вардар и на штипска Брегалница, Гого Јовчев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk