Центарот на Кочани во пламен. Црн чад, оган и пламен, страв и трепет на само два часа пред ограничување на движењето. Од засега неофицијални извори пожарот настанал откако паднала шупа до куќа на ул. „Иван Милутиновиќ“ во Кочани. По пријава на граѓани Противпожарната Територијална единица Кочани беше на лице место на настанот. Меѓутоа обемноста на пожарот, бараше голем ангажман.
Во гаснењето на пожарот учествуваа и Територијалната противпожарна единица Виница, а помош имаше од граѓаните од сите страни. Секој на било каков начин бараше можност да помогне.
По речиси два часа пожарот беше изгаснат, но екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани остана на местото на настанот. Инаку, присуство имаше и од страна на Итната медицинска помош, но за среќа немаше повредени лица. Во целата акција на гаснење на пожарот учествуваше и Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. Полициски службеници од Полицката станица Кочани, го регулираа сообраќајот на улицата. Голема среќа е и фактот што пожарот не се прошири на околните куќи. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.