Корупцијата придонесува за уназадување на демократијата и влошување на состојбата на здравствени системи заради пандемијата со Ковид – 19. Но нашата држава сеуште се наоѓа на високото 111 место од вкупно рангирани 180 држави според Индексот на перцепција за корупција за 2020 година. Во споредба со минатата година бројот на бодови не е променет и нашата држава има 35 поени.
Во борба со корупција тапкање во место не значи напредување туку назадување бидејќи процесот не оди кон подобрување на состојбата. Причините се различни, но неангажираноста на државата да се справи со корупција е главна.
Стагнацијата во врска со корупција се должи на неколкуте неуспеси во оваа борба како прво, а исто така и едногласноста во Владата е значаен фактор, во нејзините постапки а не изјави, ни кажа Попвиќ. Моментално има функционери кои се борат против корупција но и такви кои практикуваат корупција и вториве се толерирани, и токму затоа се бара едногласност во одлуките на власта во борбата против корупција. Рангираноста на државите се базира на 13 експертски оценувања и анкети на бизнис претставници. Се користи скала од 0 до 100, каде што 0 значи многу високо корумпирани а 100 многу чисти.