Кривична пријава за лице од Штип поради непочитување на самоизолација

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.К.(35) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.12.2020 пријавениот постапил спротивно на решението за самоизолација, издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 04.12.2020, односно го напуштил местото на самоизолација.