
Вечерва во Париз, Франција беше одржана ждрепката за новото издание во Лигата на Нации, во која Македонија ги доби своите противници во групата Ц.
Македонската репрезентација се најде во група заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија.
• Групи во Лигата на нации – Лига Ц:
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија
Лигата на нациите стартува на 5. септември. Од ова издание на ЛН од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале.
Александар Ванев, М-Нет