Шест кандидати во трка за првата раководна фотелја на ИПР

Шестмина кандидати за позицијата директор на Центарот за развој на  источно планскиот регион, денес ги вкрстија копјата во битка за добивање на оваа престижна позиција. Кој ќе седне во фотелјата на досегашната многу успешна раководителка Драгица Здравева која заминува во пензија, ќе се дознае на следната седница на  Советот на источно планскиот регион која ќе се одржи на 26 овој месец. Единаесет градоначалници од регионов ќе направат потесна селекција и ќе го кажат последниот збор за тоа кој од шестмината потврдени кандидати ќе го превземе кормилото на фондацијата која во многу сегменти ќе допринесе и ќе продолжи да допринесува за подобрување на квалитетот на животот на повеќе од 160.000 жители.

Според информациите на М Нет денес спроведеното интервју  пласирало богати податоци за успешни кариери  и  високи академски наобразби како и  лични искуства во справувањето со модернистичкиот начин за привлекување на капитални средства доделени на име на проекти од европските фондови. Меѓу еден од кандидатите со побогата  биографија се споменува и името на Александар Николов. За избор од денешните лични презентации ќе одлучува Советот на источно планскиот регион до кој секако ќе пристигнат интерни препораки за  најдобар избор на носител на оваа функција. Според информациите на М Нет нема партиска поделеност на кандидатите апликанти и тој сегмент воопшто нема да биде земен во предвид. Европските правила на игра се однесуваат на тоа да се избере најдобриот кандидат и со тоа да се покаже  високата свесност при имплементација на критериумите кои ќе гарантираат квалитет при извршување на оваа функција.

Mаре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет