Дејан Митров замина на најмасовното Европско првенство досега во Букурешт, Романија

Дејан Митров заминува на Европско првенсто кое ќе се одржи во Букурешт Романија, од 14 до 17 февруари. Подготовките веќе се завршени и се очекува добар резултат од првенството. Митров оптимистички вели дека се надева на одлични резултати со кои ќе се престават и Македонија и Штип на едно од најмасовните европски првенства досега.

„Формата е на задоволително ниво, работевме напорно како во техничко – тактички дел така и во интуциониот дел. Јас сум оптимист и верувам дека можеме да донесеме прекрасни резултати за нашата држава и за нашата општина. Да нагласиме дека ова ќе биде едно од најмасовните европски првенства досега, бидејќи е во година каде имаме Олимписки игри и сите спортисити сакаат да направат тест проверувајќи ја сопствената форма“ – вели Митров.

Со добар ждреп се ичекува и добар резултат вели селекторот Данов. Додава дека напорно се вежбало изминатиот период, како со Митров така и со Егоров кои ќе настапат на ова Европско првенство. Противниците се на задоволително ниво, со што се очекува да се покажат сите предности и недостатоци на Митров и Егоров.

„Подготовските течеа одлично, заедно со Дејан Митров работевме во клубот во БК Балканец. Работевме напорно, согледани се сите противници кои може да ни се погодат, со добар ждреп очекуваме и добар резултат.“ – вели Данов.

Во април и мај оваа година се олимписките квалификациони турнири, европски и светски, па како што вели Данов сите мисли и подготовки се насочени кон овие турнири.

Лаура Стојанова М-Нет