
Лицата со оштетен вид и инвалидните лица бараат нивни преставнци да бидат ставени на листите за советници за престојните Локални избори. Како што вели Драги Витанов, досега не се случило лице со инвалидност да биде застапено на овие листи. А само лицата со инвалидитет можат да ги знаат проблемите со кои се соочуваат и на таков начин да се носат вистински и правилни одлуки.
„Ова нека биде апел до сите партии, до сите раководства на партиите да размислат и за тоа. Не може лице без инвалидност да решава за проблемите на лицата со инвалидност. Тие што секојдневно го чувствуваат тоа ќе донесат најдобар предлог за носење на некоја одлука.“ – вели Витанов.
Како што вели Витанов, ова како барање стои со години наназад, но сега се водат интезивни разговори со политичките партии со цел нивното барање да биде прифатено и лице со инвалидитет да се најде на листата на советници.
„Тоа лице најдобро ги чувствува лицата со инвалидност. Еве имаме една ситуација во Парламентот, беше донесен Закон за асистенцијата до крајот на живот. Но, потоа се промени да се користи до 65 години. “ – додава Витанов.
Кога станува збор за лицата со оштетувања во видот ипонатаму „дежурен“ проблем останува инфраструктурниот, однонсо приспособувањето на улици и тротоари за нив, поместување на сообраќајните знаци и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет