
Второлигашот Детонит Плачковица денес ги започна подготовките за новата сезона, на кормилото останува искусниот штипски стратег Горан Здравков.
Детонит Плачковица ги промовираше искусниот Сашко Дуков и Филип Ѓорѓиевски, двајцата во пакет доаѓаат од Кожуф.
Дуков е искусен голгетер кој сезони наназад е меѓу најдобрите стрелци, а низ својата кариера има настапувано за Кожуф, Охрид, Каменица Саса има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, како и во ОФК Београд од Србија.
Ѓорѓиевски потекнува од младинските категории на Вардар, а беше дел од Тетекс, Кит Го од Пехчево, Скопје и последно Кожуф.
Александар Ванев, М-Нет