
Лифтот е средство кое се користи секојдневно низ станбените згради, но колку тие денес се безбедни за користење ги прашавме граѓаните на Штип. Пред камерите на М-нет телевизија, велат дека не се сигурни кога станува збор за безбедноста на истите и истакнаа дека е потребно да се превземат соодветни мерки и редовен сервис од страна на надлежните.
“Како безбедно, ништо не е, гледајте да не се утепате. Може се да се случе , во оваа држава се може да се случе. Како не може, треба ли да се случе нешто или смрт за да се превземат одговорности.“
“Значи треба да се превземат мерки, да се поправат, да се сервисираат, на колку што време е потребно. Да бидат по совесни и одговорни и е панично, нормално и се исплашеш. Може како не може, ама овие што се згради до 5 спрата немаат обично лифт. Надчежните треба да си ја завршат работата како што треба“ , велат граѓаните
Делумно од граѓаните истакнаа дека кога доваѓаат на сервис не се качуваат да проверат до горните катови и очевидците сведочат дека ваква ситуација не е во ред.
“Лифтовите се добри, ама нема одржувачи. Треба одржувачи да има, по често, а тие агенции парите зимаат, ама не ги интересира. Ние пријавуваме неколку пати . Јас се немам заглавено, ама имам мои колешки кои што се имаат заглавувано во лифт. Да има агенција да се ги врше работите, за да не се дојде до тоа. Треба си и за постарите, но и за помладите.“, додаваат граѓаните
Во согласност со ситуацијата М-нет телевизија разговараше со надлежните сервиси за лифт, каде од таму велат дека тие вршат редовна контрола низ станбените згради. Секој месец се врши преглед на лифтовите, додека технички ги прегледуваат еднаш во годината. Велат дека ја извршуваат редовно својата должност и доставуваат соодветен материјал доколку е потребен за да лифтовите бидат безбедни.
Лаура Стојанова, М-Нет