Листата за донор на бубрег расте, бројот на донори се помал, министерството за здравство со апел

Листата за донор на бубрег расте, а бројот на донори се помал. Само 25 милиони евра годишно се издвојуваат за хемодијализа, за граѓаните кои имаа потреба на неделно ниво да прават два или три пати. Министерот за здравство Азир Алиу, апелираше граѓаните да бидат хумани и да помагаат, бидејќи како што кажа по квалитетен живот имаат пациентите кои што имаат трансплнтација на бубрег, отколку пациентите кои што се цело време на хемодијализа.

,,Загрижувачки се фактите, кои што листата на чекање на пациентите кои што имаат потреба од донор е голема, но од другата страна многу е мала листата на потенцијални донори за бубрег. Ние како министерство за здарвсто и како влада, но и како здравствени работници почнуваме процес кои што интензивно го работиме. Од друга страна кога знаеме дека и после нашиот живот може да помагаме и да нудиме поквалитетен живот за други граѓани, тоа е и етична и морална вредност за да сите заедно креираме свест која што тоа ќе биде дел од нашиот живот и нема да биде исклучок. Ние покрај што ќе капацитетите кои што ќе ги вложуваме за донори,.

Министерството за здравство интензинот работи на случајот, тврди министерот Алиу. Целта е да се подобри сликата на државата и од аспект на листата на донори од аспект на пациенти, додава тој.

,,Работиме интензивно и со клиниката и со здравствените работници, но и експертите за да може да се подобри сликата на нашата држава и аспект на листа на донори и од аспект на пациенти кои што во светски рамки се знае и од научна гледна точка е дефинирана дека многу по квалитетен живот имаат пациентите кои што имаат трансплант на бубрег, отколку пациентите кои што се цело време се на хемо дијализа. Знаете дека и за државата и за фондот министерството за здравство, ние како држава одвојуваме некаде 25 милиони евра годишно за хемодијализа, кои што средства одат за граѓани кои што имаат потреба на неделна база еднаш двапати, трипати зависи од состојбата, но од другата страна исто така како што напоменав квалитетот на животт на тие граѓани би бил многу подобар, отколку вака на хемодијализа.“, рече Алиу

Како што посочува Алиу, квалитетот на животот на граѓаните на кои им е извршено трансплатацијата ќе биде подобар, отколку постојано да се на хемодијализа. И поатаму апелираше граѓаните да донираат, бидејќи на тој начин се продолжува животот и на некој друг.

Иван Митев, М-Нет