МФ констатира измама кај брзите кредити, рекламирале со 0% камата и ги мамеле граѓаните

Министесрството за финансии констатира измама кај брзите кредитим, рекламирале со 0 проценти камата, иако во догворот за кредит биле превидени и други дополнителни трошоци. Констатирани се неправилности кои што се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

“Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатираше одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.“, велат од министерствотож

Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

Иван Митев, М-Нет