Ликовната уметност е поврзана со чувствата, емоциите кои ликовните уметници ги прикажуваат на нивното уметничко дело. Секое дело, е поврзано со некоја приказна која може да буди емоции и кај самиот љубител на ликовната уметност. Оваа ликовна професија, нуди можности за стекнување на вештините со четка, бои за ликовно изразување.
Боре Минов е штипски познат ликовен уметник. Кој повеќе од 30 година е посветен на оваа професија. Зад себе многу уметнички дела, и секое дело зборува за себе. Со успешна кариера, денес посветен при изразување и помагање на љубителите на ликовното платно.
Во време на глобална пандемија, кои се условите за работење и како се одразува врз ликовната уметност? „Ние сами сме свесни дали ликовната уметност се случува во Сирија, моментално во Македонија или Канада, или Швајцарија. Подлогата, можностите некаде се поголеми некаде помали. Но, ако човек нема преголеми очекувања, ништо нема да може да се случи. Мислам дека, секаде може да се има успешност“. Изјави, ликовниот уметник Боре Минов.
Стекнатите вештини, желбата и страста за ликовната професија. Денес се повеќе и повеќе е застапена. Но, за секоја професија треба да се работи напорно за да се постигне посакуваната цел. Од уметноста може да се живее.
„Системот ќе им овозможи да тие тоа го покажат. Да имаш можност за изразување. Тоа е со функционирање на нашите културни институции“. Изјави, Минов.
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет