Жителите од месноста „Каваклија“ – Штип, со делумна канализација во 21 век

Жителите од месноста „Каваклија“ Штип, заборавени целосно од надлежните. Со делумно спроведена канализација која не е целосно завршена и се истекува директно до чешмата која на времето преставуваше место за одмор. Ареа се шири, луѓето го избегнуваат местото, а одговорните абер си немаат. Живот во 21 век, со едвај спроведена една уличка, без улично осветлување, и таканаречена канализација а всушност е една цевка која тече директно во долот на отворено е тешкиот начин со кој се справуваат овдешните граѓани.
Истите побараа помош од нас.
„Овде не станува збор за една фамилија две, тука има над 50 семејства, кои немаат канализација. Направено е истата да се стечува веднаш до чешмата, која на времето беше место за почивка одмор, убаво беше. Како цевките со канализацијата ги ставија тука никој веќе не седе. Кога градот нема вода од тука доаѓаа полнеа вода, сега никој не поминува“ – беше дел од реакцијата на граѓаните.
Оставени самостојно да се справуваат со своите проблеми, да изнаоѓаат решение, да се борат без притоа никој да им помогне.
Одговорност мора да постои. За конкретниов проблем побаравме објаснување и од надлежните.
„Во врска со водоводот и канализацијата, јас лично немам разговарано с луѓето за таква ситуација. За 10 месеци не сум можел да ветам таква работа но ќе се залагаме да направиме една проектна документација за во наредниот период ова да се реализира“ – истакна градоначалникот на Општина Штип, Николов.
Градоначалникот на Општина Штип исто така посочи дека ќе се работи на поставување на нови контејнери во ова место, како и асфалтирање на дел од улицата.

Лаура Стојанова М-Нет