Лидерот Влазерими го декласираше Напредок, Џепчишти го „уништи“ Камјани, Љуботен пресилен!

ФОТО: ФК Љуботен

Лидерот Влазерими со убедливи 4:1 го декласираше некогашниот прволигаш Напредок од Кичево со 4:1 и го „закова“ на дното од табелата. Во првиот дел од мечот Напредок се држеше и имаше негатива од 1:0 на полувреме откако за домашниот тим погоди Елези. Во вториот дел Дани, Исмаили и Имери погоди за 4:0, а во 63. минута Аврамовиќ постигна гол за 4:1.

Љуботен со убедливи 5:1 го декласираше Зајази и запиша нова победа, откако во пролетниот дел Љуботен е во победничка низа. Мехмеди погоди за 0:1 во 11. минута, а до крајот на првиот дел резултатот беше 3:1 со погодоците на Димитриески, Костадиноски и Антовски. На стартот во вториот дел Антовски постигна втор гол, а Тасос ги постави конечните 5:1.

Речица и Дрита ремизираа играјќи 1:1. Алили погоди за 25. минута за 0:1, а Џемаили за 1:1 во 27. минута.

Камјани на домашен терен доживеа вистински потоп откако Џепчишти славеше со убедливи 1:7. За домашниот тим Реџепи беше единствен стрелец, а за гостинот двојни стрелци беа Асипи и Османи, а по еден гол постигнаа Саљиу и Зубери.

Лидер е Влазерими со 38 бодови, на второто место е Џепчишти со 31 бод, трета е Дрита со 26 бодови. На 4. место е Зајази со 17, Речица е петта со 15 бодови, на 6. место е Љуботен со 13 бодови, на седмото место е Камјани со 10 бодови, а на дното е Напредок со девет бодови.

Александар Ванев, М-Нет