Лепче со паричка за Стара нова година – која е симболиката и значењето?

Вечерва Стара Нова година, утре се слави празникот Свети Василиј Велики. Според стар обичај и народно верување, во очи на празникот се дели лепче со паричка, адет кој потекнува од Свети Василиј и од неговата Кесарија. По чудотото Господово кое се случило тамо, до ден денес верниците ја негуваат традицијата и делат лепче со паричка.

„Се наоѓаме во претвечерието на празникот Образание Господово и Свети Василиј Велики, кај нас меѓу нардот познато како Стара нова година. Свети Василиј се нашол во недобра ситуација, оти златото кое го собрале не знаел кој од кого е. Им заповедал и ги замолил ѓаконите, свештениците и пекарите во Кесарија да направат по едно лепче и да стават дел од златото во секое лепче. Така и напрвиле, на секое семејство им поделиле лепче и се случило чудо Господово, секој кога го прекршил лепчето го нашол златото што го донирал. Од тогаш а наавму е останато традиција на Свети Василиј во очи на празникот да правиме лепче и да ставиме по една паричка или златник како и да е“ – вели поп Добрица.

Граѓаните на терен велат ова е стара традиција и се практикува. Онај кој ќе ја пронајде паричката во своето лепче ќе биде сречен цела година.

Постојат два календари – Јулијанскиот и Грегоријанскиот. Источната Православна Црква се уште го корист јулијанскиот календар, според кој Новата година започнува на 14-ти јануари. Новата година на 1-ви Јануари се слави според Грегоријанскиот календар, кој е инаку и најприфатен во светот. На овој ден се дочекува Новата година, се празнува Обрезание Господово и Свети Василиј Велики. Кај земјите кои го користат Јулијанскиот календар, 1-ви јануари претставува државен празник, но верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14-ти јануари. Од тука и поимот Стара Нова година која се дочекува вечерта на 13-ти јануари.

Лаура Стојанова М-Нет