
Млади таленти во фудбал од приградски штипски населби лишени од можностата да го негуваат својот талент, од причина што потребни се големи финансикски средства за превоз. Нема градски превоз, а за да се дојде до центарот и назад велат потребни се над 1500 денари, неделно. Не секој може да обезбеди средства за покривање на трошоци за првоз, вели гледач на М-Нет телевизија која гои посочи самиот проблем. Неговото дете веќе не оди на тренинг за фудбал и покрај тоа што дарба и жекба за истото.
Штипјани на терен се согласни дека повеќе од потребно е воведување на градски превоз во Штип. На таков начин ем ќе се задоволат потребите на граѓаните од приградските населби и рурлни средини ем ќе се намалат финансиските средства кои се издвојуваат од џебот на граѓаните.
Како да се задржат младите таленти во државата, и како да се негува спортот кога децата и младите немаат можности за тоа. Првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов е согласен дека воведување на градски превоз ќе реши многу отворени прашања. Свесен е дека граѓаните од приградските населби имаат огромна потреба од превоз и ветува дека истиот ќе почне со реализација веќе наредниот месец.
Во среда на седница на Совет треба да се донесе одлуката за додавање на дејност на ЈП Стипион, а веќе во февруари да се распише оглас за набавка на шест нови автобуси кои ќе се движат на шест линии, осум пати во текот на денот. Со ова ќе се намалат финансиските издатоци на граѓаните, а центарот ќе биде многу подостапен.
Лаура Стојанова М-Нет