„Лавовите“ од Чаир по „сигурни“ бодови против Шкупи, Шкендија ќе мора да го „преживее“ Кратово

ФОТО: ФК Работнички

Утре со два мечеви ќе биде отворено 30. коло на Првата македонска фудбалска лига. Македонија ЃП треба да има лесна задача против Шкупи односно „сигурни“ бодови против фенерџијата кој веќе е нов второлигаш.

Доколку „лавовите“ ја оправдаат фаворитската улога тогаш ќе имаат чекор плус во трката за опстанокот во елитата.

Од друга страна, Шкендија ја очекува тешко гостување во Кратово, каде ќе треба да ги освои трите бодови во дуелот со Силекс. Со било каков „кикс“ Вардар ќе има голема предност кон титулата и се би било решено.

На 2 мај ќе се одиграат мечевите меѓу Башкими и Вардар, Работнички игра дерби за „живот“ против Пелистер, а пак на 3 мај Струга Трим Лум ќе се соочи со Брера Струмица, каде струмичани ги очекува многу тешко гостување, а пак Тиквеш дома ќе игра со Арсими.

Александар Ванев, М-Нет