Бронзениот медал не е случајност, Даниел Христов учи по осум часа на ден

Бронзениот медал на Менделеевата олимпијада не е само признание, туку кулминација на месеци тивка борба, вели Даниел Христов, чија возбудa се уште не стивнува. Зад овој успех стојат долги денови исполнети со по седум до осум часа учење, жртви и целосна изолација во името на една единствена цел. Неочекуваниот пречек од гимназијата, признава тој, го погодил длабоко и дека е емоција што тешко се опишува. Споменот на минатата година, кога медалот му избегал за влакно, бил тивок поттик што не му дозволил да се откаже, туку да оттурне уште подалеку од сопствените граници.

„Јас се чувствувам се уште многу возбудено, емоциите се уште ми се на виско ниво иако успехот с случи пред некое време еуфоријата сепак уште трае, па и ос пречекот кој што го имав од гимназијата мислам дека уште толку многу ме израдува тоа и воопшто не го очекував. Приперемите на хемискиот институт започнаа од јануари, но јас за олимпијадата вежбам уште од почетокот на самаат школска година во септември. Кога бев ослободен и кога не бев на училиште можам да кажам дека во просек учев по 7/8 часа дневно. Морам да посочам дека и лани учествував на истава Олимпијада каде што за малкуу не освоив медал и тогаш заклучив дека всушност со уште малку труд може да се стигне до успехот. Оваа година ова ми е единствениот натпревар, бидејќи оваа година одлучив да се посветам само на Хемијата. Ова Олимпијада ми беше главната окупација во последните неколку месеци и поради тоа што бев посветен само на Олимпијадата успеав да постигнам подобар резултат. Понатаму во план ми е да продолжам нормално да продолжам да студирам Хемија и се гледам на страна, по факултетот планирам да завршам Мастер студии како и Докторски студии, но сега за сега се гледам на страна да студирам факултет и за тоа ќе размислувам дополнително каде ќе одам. Сега ми предстои уште еден натпревар на 10 и 11 мај. Ова е исто така селекционен натпревар кои ќе се содржи од теоретски и од експериментален дел и овој натпревар е сега за одбирање на македонскиот тим за претставување на Македонија на интернационалната Хемијска Олимпијада која ќе се одржи годинава од 10 до 19 јули во Ташкин Узбекистан. И јас не можам да ги избројам, но можам да кажам колку медали имам. Имам еден од прва година од интернационалната јуниорска олимпијада по Природни Науки, бронзен медал на интернационалната Менделеева Олимпијада, а од македонски олимпијади имам исто така освоено бронзен медал на Македонската Хемиска Олимпијада минатата година. Јас се натпреварувам уште од 4 одделение, на почетокот се напреварував Математика, Природни Науки, а подоцна почнав и Физика, Хемија и Биологија. Мислам дека и оваа подршка која ја имаме не е мала, но сметам дека во иднина треба уште повеќе да се подржуваат нетпреварувачите во државата, бидејќи ние таму не се претставѕваме самите, но и нашата држава.“- Даниел Христов, добитник на бронзен медал од Менделеевата олимпијада по Хемија

Христов веќе гледа напред, со јасна амбиција да го продолжи своето образование по хемија, вклучувајќи мастер и докторски студии, додека одлуката за тоа каде ќе студира ја остава за понатаму. Но, пред него нема пауза, на 10 и 11 мај го очекува нов, клучен селекционен натпревар со теоретски и експериментален дел. Токму таму ќе се одлучува дали ќе стане дел од македонскиот тим што ќе ја претставува земјата на Интернационалната хемиска олимпијада во Узбекистан.

Иако вели дека не може да ги изброи сите натпревари, Христов јасно ги истакнува медалите како траги од долгогодишната посветеност, од раните почетоци во четврто одделение, па се до меѓународните успеси. Неговиот пат низ математиката, природните науки, физиката, хемијата и биологијата сведочи за широчината на знаењето што го градел со години. Тој испраќа и силна порака дека поддршката за младите натпреварувачи мора да расте, бидејќи зад секој нивни настап стои и достоинството на државата што ја претставуваат.

Дајана Сандева, М-Нет