„Лавиците“ на прошетка во Штип – Ѓорче Петров со висок триумф над Астибо ја одбрани шампионската титула

Екипата на Ѓорче Петров ја потврди својата доминација и оваа сезона откако успеа да ја одбрани шампионската титула, а тоа се случи овој викенд кога „лавиците“ буквално беа дојдени на прошетка во Штип и забележаа висока победа над Астибо од 24:46.

Од самиот почеток започна гостинот од Скопје да билда резултатска предност и да го води мечот кон триумф со голема разлика. Кај штипскиот тим стандардно Марија Анчева најдобар стрелец со десет погодоци, кај „лавиците“ прво име беше Емилијана Ризоска со осум реализации.

Во однос на самото коло Вардар славеше убедлива победа од 45:28 над Куманово, Спартак триумфираше во дербито на колото против Чаир со 26:21, а пак Пелистер доби службени бодови од откажаниот Металург Автокоманда.

Александар Ванев, М-Нет