
Казна затвор од 5 години и 6 месеци, денес доби лажниот лекар од Охрид, кој телефонски измами осум граѓани од Штип и Виница. Тој во периодот на месец јануари 2026 година телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда, со тоа што им кажувал дека нивните керќи имаат скршеница на нога, дека е потребна итна операција , а затоа се неопходни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува вкупно 3 472 906 денари или околу 56 000 евра. Притворот е породолжен до правосилноста на пресудата.
Казна затвор од 5 години и 6 месеци денес доби лажниот лекар од Охрид, кој телефонски измамил осум граѓани од Штип и Виница. Во јануари 2026 година тој им се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда дека нивните ќерки имаат скршеница на нога и дека е потребна итна операција, за што биле неопходни пари. Штетата кај сите осум оштетени изнесува вкупно 3 472 906 денари, односно околу 56 илјади евра. Притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата.
Иван Митев, М-Нет