Кутија цигари како три килограми ајварски пипер, цените пристани според продавачите

Не е скапа кутија цигари, скапи се производите на пазарот, вака продавачите во Штип денеска одговрија на прашањето какви се цените на производите пред се за зимница и туршија. Според нив многу тешко се произведува, па според тоа цените се пристпани. А со оглед на фактот дека се останато е со вртоглаво повисоки цени, зеленчукот останува најефтин, додават произведувачите.

„Има, добро е синоќа имаше добар пазар, ајварскиот се потроши синоќа повеќе. Не е лошо. Зимницата е стандард спрема скапотијата, не е нешто посебно скапа, модриот е 20 и 15 денари, ајварскиот 35 денари до 40. Граѓаните се жалат, ама со општиот стандард пак ние сме најефтини, не се жалат 150 денари кутија цигари жалат се за зејтинот. Не е скапо. Според лани можеби ќе дадат до 1000 денари повеќе за зимница.“

За купувачите и овој пазарен петок во Штип, цените на производите се оган и пламен, скапо велат па нема да се прави ниту ајвар ниту пак ќе се става туршија.

„Па високи се. Купивме за јадење, туршија нема оваа година, за зимница нема. Тоа е прескапо веќе. Нема ајвар правење оваа година, многу е сакпо, оваа година ќе трпеме. Се што сме имале сега ќе немаме ништо“

Пазарот во Штип денеска беше прилично посетен од страна на граѓаните, сезонското овошје и зеленчук остануваат во прв план за најбарани, а цените различно сватени од страна на купувачите и пордавачите.

Лаура Стојанова М-Нет