
Утре ќе бидат одиграни првите полуфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, каде два второлигаши и два прволигаши ќе водат борба за влез во големото финале.
Влогот од Купот на Македонија е голем бидејќи освојувачот ќе обезбеди излез во Европа, односно ќе игра во квалификациите за Конференциска лига на УЕФА.
Охрид на „Билјанини Извори“ ќе се соочи со прволигашот Силекс, популарните „рибари“ бараат силна поддршка и полн стадион во меч кој стартува во 12 часот во обид да стигнат до позитивен резултат пред преваншот кој е закажан за 6 мај во Кратово.
Охрид до полуфиналето стигна откако преку пенали го исфрли ланскиот освојувач Вардар, а пак Силекс преку Детонит Плачковица стигна до полуфинале.
Вториот полуфинале меч е меѓу тетовска Шкендија и Шкендија Арачиново ќе стартува во 14 часот, каде тетовскиот тим е фаворит, а гостинот од Арачиново сака ново изненадување и чекор поблиску до финале.
Екипата на Шкендија полуфинале обезбеди откако славеше над Струга Трим Лум, а пак Шкендија Арачиново убедливо го доби Работнички и се пласираше во полуфиналето.
Александар Ванев, М-Нет