Викендот ќе испадне и последниот тим од Втора во Трета лига

Четири екипи веќе официјално испаднаа од Втора во Трета лига за следната сезона, а викендот ќе се добие и последниот тим кој дирекно ќе испадне во третолигашкото друштво.

Најпрво од Втора лига испадна Големо Коњари, кој експресно се враќа во Трета лига – Југ, а по него испаднаа Победа, која од следната сезона ќе игра во Трета лига – Југ, како и Слога Виница која по една сезона се враќа во Трета лига – Исток.

Преспа, исто така по една сезона се враќа во Трета лига – Југозапад, а последниот тим кој ќе испадне дикретно во Трета лига – Југ ќе биде тимот на Вардар Неготино.

Овој викенд ќе се играат мечевите од 26. коло на Втора лига, на пет кола до крајот во игра се 15 бодови, а Вардар Неготино има 10 бода негатива од Каменица Саса односно од бараж зоната.

Ако Вардар Неготино загуби во сабота од Беласица на домашен терен, а Каменица Саса триумфира над Големо Коњари, тоа ќе значи дека Вардар Неготино во сабота и официјално ќе стане третолигаш.

Каменица Саса, Тетекс и Кожуф ќе бараат опстанок во Втора лига преку бараж, а во баражот покрај овие три екипи влегуваат и петте шампион во Трета лига. Победниците од бараж натпреварите ќе бидат нови членови на Втора лига за сезона 2026/2027.

Александар Ванев, М-Нет