Работнички Скопје убедливо го доби штипски Младост и закажа финале против Наковски Волеј

ФОТО: ОФМ

Одбојкарките на Младост УГД од Штип претрпеа пораз од Работнички Скопје со 3-0 во сетови со што скопскиот тим со 2-0 во победи ја затвори серијата и ќе игра финале против Наковски Волеј за шампионската титула во Првата одбојкарска лига во женска конкуренција.

Ланскиот финалист диктираше темпо на овој натпревар и покажа дека игра во одлична форма пред финалната битка за шампионската титула.

Првиот сет заврши со убедливи 25:16, вториот со 25:19, а третиот сет со 25:21.

Андротеа Милевска со 12 поени, Марија Василевска со десет и Тамара Стојанова со осум поени го предводеа Работнички Скопје.

За штипски Младост УГД тука е крај сезона 2025/2026.

Наковски Волеј со 0:3 славеше над бранителот на титулата Јанта Волеј и обезбеди финале. Првиот сет заврши со 19:25, вториот со 24:26, а третиот со 23:25. На првиот меч девојките на Хари Наковски беа подобри со 3-1 во сетови во Струмица.

Александар Ванев, М-Нет